![](https://sportski.mk/wp-content/uploads/2025/02/florentino-perez-850x491.jpg)
Реал Мадрид оваа сезона има огромни проблеми со повредите на дефанзивците поради што Карло Анчелоти од натпревар во натпревар мора да експериментира. Флорентино Перес знае дека тоа е горлив проблем во тимот, и сака овој проблем да го реши бидејќи се знае кој ќе биде приоритет во летниот преоден рок за Кралскиот клуб.
Откако се повреди Антонио Рудигер во натпреварот против Еспањол на располагање на Карло Анчелоти од стоперите остана само Раул Асенсио, бидејќи надвор од теренот поради повреди се Едер Милитао и Давид Алаба.
Топ 10 трансфери оваа зима! Кој потроши најмногу!? ↓↓↓
Затоа Анчелоти мора да експериментира и на позицијата стопер го користи Орелиен Чуамени на кого тоа воопшто не му е природна позиција, но Италијанецот нема друго решение бидејќи Реал оваа зима не донесе засилувања.
И Флорентино Перез стана свесен дека дефанзивата е горлив проблем на кралскиот клуб и сака тоа да го реши веќе во летниот преоден рок за да не дозволи ваква ситуација да се повторува во иднина.
Анчелоти речиси остана без сите стопери и тоа пред натпреварите во Ла Лига и Лигата на шампионите кои можат да ја одредат целата сезона на Реал Мадрид.
Затоа на стадионот Сантијаго Бернабеу веќе започнаа акции за да се подготви теренот за летниот преоден рок.
Шпанските медиуми пишуваат дека се знае кој ќе биде приоритет на Реал Мадрид ова лето и кој играч Перез ќе се обиде да го доведе на сите начини.
Тоа е францускиот играч Вилијам Салиба кој е член на Арсенал и во клубот од Лондон веќе долго време игра фантастично. За Салиба се заинтересирани и многу други клубови, но Реал го постави Французинот како приоритет за лето и веќе работат на тој трансфер.
Се наведува дека во Арсенал тешко ќе успеат да го задржат Салиба бидејќи Реал Мадрид подготвува огромна понуда од над 100 милиони евра за него, а наводно и самиот играч сака да оди во кралскиот клуб.
Ако трансферот се договори, тогаш нема сомнение дека Салиба ќе стане најскапиот дефанзивец во историјата на фудбалот.
Салиба има само 23 години и нема сомнение дека веќе сега е еден од најдобрите дефанзивци во Европа.
Инаку, во Арсенал пристигна уште во 2019 година од Сент-Етјен, а играше на позајмици во Ница и Олимпик Марсеј пред да стане незаменлив дел од првиот тим на лондонскиот клуб.
Со Арсенал има договор до летото 2027 година, а во досегашниот дел од сезоната веќе има 33 настапи и постигна два гола.