Дома Фудбал Флорентино Перез го избра тренерот на Реал Мадрид за следната сезона

Флорентино Перез го избра тренерот на Реал Мадрид за следната сезона

Претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез, му соопшти на актуелниот тренер Алваро Арбелоа дека ќе остане на клупата ако успее да освои трофеј.

Реал Мадрид започна новата сезона со големи амбиции. На позицијата тренер дојде Чаби Алонсо, но работите не се составија како што треба, па одличниот стратег доби отказ по само шест месеци во клубот.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


На негово место беше именуван Алваро Арбелоа. Шпанецот покажа резултати преку работата во младинските категории и сега доби шанса да раководи со првиот тим.

Почетокот беше исклучително комплициран. Реал испадна од Купот на кралот од Албасете, имаше уште неколку „тенки“ резултати, но тимот полека се стабилизира и игра сè подобро.

И додека шпанските медиуми интензивно зборуваат за новиот тренер, претседателот на клубот, Флорентино Перес, е спремен да му даде шанса на Арбелоа. За да остане на клупата, потребен е трофеј.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Артета следното лето во Арсенал ќе донесе освојувач на „Златната топка“

Виктор Ѓокереш треба да биде загрижен бидејќи следното лето во врвот на нападот може да им…