Дома Фудбал Флик викендов без Јамал: Кога тој не игра Барселона губи!

Флик викендов без Јамал: Кога тој не игра Барселона губи!

Барселона во викендот кој следи ќе мора да биде без услугите на Ламин Јамал кој блеска од почетокот на сезоната.

Јамал ги пропушти натпреварите на Шпанија во Лигата на Нации, меѓутоа се најавуваше дека ќе биде спремен за средбата со Селта, сепак тоа не се случи.

Disc Golf challenge: Дали некој ќе погоди од прва!? ↓↓↓


Флик ќе мора викендов да го надополни отсуството на младата ѕвезда. Неговото отсуство може да биде проблем, посебно ако се погледнат резултатите од почетокот од сезоната.

Имено, Барселона во Ла Лига претрпе само два порази од стартот на сезоната и во тие два натпревари не настапи Јамал. Покрај Јамал Барселона против Селта ќе биде уште без: Ерик Гарсија, Феран Торес, Роналд Араухо и Андреас Кристенсен.

Добра вест за Флик е што Левандовски иако поради повреда не настапи за Полска сега се опорави и е спремен да помогне. Натпреварот помеѓу Селта и Барселона на програмата е в сабота од 21:00 часот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии

Проверете

Винисиус го наруши молкот после дебаклот во Лондон

Ѕвездата на Реал Мадрид, Винисиус Жуниор за прв пат јавно проговори за вчерашниот тежок по…