
Фудбалерите на Барселона вечерва се гости на третолигашот Гвадалахара на почетокот од Кралскиот Куп, а сите каталонски извори тврдат дека Војчех Шчесни ќе добие шанса на голот.
Иако капитенот Марк Андре Тер-Штеген се врати во тимот по речиси пет месеци пауза, Ханси Флик сè уште повеќе му верува на Полјакот, па според сите најави се очекува дека токму Шчесни и вечерва ќе добие шанса меѓу стативите.
Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог
Овој сценарио го навести и Ханси Флик пред овој натпревар.
“Жоан Гарсија ќе добие одмор и нема да брани на овој меч, а ќе видиме уште кој ќе го замени. Војчех Шчесни е нашиот лидер, минатата сезона со него на голот освоивме три важни трофеи и тој е многу важен член, а сега тука е и Тер-Штеген, одличен голман и навистина ни е драго што можеме да сметаме на сите тројца“, рече Флик.