
Главниот тренер на Барселона Ханзи Флик го коментираше новиот договор што го потпиша со каталонскиот клуб. Договорот е до летото 2027 година.
„Среќен сум, бидејќи патувањето продолжува. Чувствувам дека сè уште не сме на крајот од патот и екипата има огромен потенцијал. Ние сме млад тим што ги заслужи сите успеси во текот на сезоната, и навистина сум горд што работам со овие момци“, сподели Флик.
Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст
„Ми се допаѓа да сум во Барселона, да работам во овој неверојатен клуб и, секако, со сите овие фудбалери. Нашите односи се одлични. Се подготвуваме за новата сезона и ќе треба да работиме напорно, бидејќи сè ќе започне од почеток. Знам и во што треба да станеме подобри“, подвлече германскиот стручњак.
„Сакам да им кажам на навивачите дека и во следната сезона ќе го дадеме сето од себе. Сакаме да го надградиме тоа, за да освојуваме уште повеќе трофеи. Ова е Барса, ние мораме да кревааме купи“, изјави Флик.