Дома Фудбал Флик пред голем предизвик: Барселона има план Б и Ц, но го има и Рашфорд

Флик пред голем предизвик: Барселона има план Б и Ц, но го има и Рашфорд

Маркус Рашфорд пред себе го има најважниот период откако дојде во Барселона. 

Еден од капитените, Рафиња, ќе паузира следниот месец, и тоа е вистинска прилика Рашфорд да покаже дека заслужува да остане на „Камп Ноу“. Се очекува да добие значително повеќе минутажа во следниот период, кој нема да биде ниту малку лесен, бидејќи Барселона ќе одигра дури три натпревари против Атлетико Мадрид, а Рафиња потенцијално ќе го пропушти и полуфиналето на Лигата на шампионите против Арсенал или Спортинг.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Каталонските медиуми пишуваат дека ова е моментот за Маркус Рашфорд, по кој управата и спортскиот директор Деко ќе донесат конечна одлука за неговото откупување. Најголемиот проблем всушност е од финансиска природа, бидејќи Барселона мора да плати 30.000.000 евра за неговата откупна клаузула, а покрај тоа, платата на Рашфорд не е нималку мала.

Барселона поради тоа гледа алтернативни решенија, се спомнува Андреас Шјелдеруп од Бенфика, кој има само 21 година и со добри партии се најде на метата на бројни клубови, вклучувајќи ја и Барселона. Друго име што се спомнува е момчето од „Ла Масија“, Јан Вирхили, кој минатото лето премина во Мајорка, каде се истакна, а Барселона има право да го врати следното лето. Тој има само 19 години, е голем талент, а и најевтина опција ако Барселона одлучи да поголем дел од парите потроши на стопер и нов напаѓач.

Но, не само Барселона има план Б и Ц, туку го има и Рашфорд. Наводно, него го следат и натаму Пари Сен Жермен, но и Милан, кој би го продал Рафаел Леао во случај на вистинска понуда. Сепак, јасно е дека би требало Рашфорд и овде да прифати значително пониски примања отколку што ги имаше во Манчестер. 

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Халанд купи нова скапа играчка – сега возниот парк му вреди 12 милиони евра!

Станува збор за посебна и последна верзија од С-класата, создадена во соработка со Вирџил …