Дома Фудбал Флик отпиша една ѕвезда на Барселона: Жал ми е, но мораш да си одиш

Флик отпиша една ѕвезда на Барселона: Жал ми е, но мораш да си одиш

Тренерот на Барселона Ханси Флик ја доби задачата да ѝ соопшти на младата ѕвезда на клубот Ансу Фати дека повеќе не е во плановите и дека треба да си најде нов тим.

Ансу Фати пред неколку години се сметаше за наследник на Лионел Меси. Го доби дресот со број 10 и од него се очекуваше блескава кариера.

Квалификации за ЕП во ракомет: Македонија спремна, Словенија може да падне! ↓↓↓


Сепак, тешките повреди, сега веќе јасно е, ја уништија кариерата на овој фудбалер. Со 22 години е отпишан од Барса и му е предложено да замине и да најде место каде што ќе игра, бидејќи кај Флик нема да има простор.

„Клубот, стручниот штаб и добар дел од луѓето од неговата околина очекуваат Ансу да го напушти клубот. Ханси Флик не смета на него“, наведува весникот „Спорт“ и додава:

„Клубот врши притисок врз Фати да замине на позајмица овој месец. Меѓутоа, Ансу и поблискиот дел од семејството сакаат да останат, иако нема да игра.“

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Алварез се огласи по поништениот пенал

Реал, по драматичниот натпревар против Атлетико, се избори за четвртфинале на Лигата на ша…