Дома Фудбал Флик одлучи: Овие петмина се пред заминување!

Флик одлучи: Овие петмина се пред заминување!

Ова лето во Барселона може да донесе неочекувани заминувања, некои предвидливи, додека други не толку многу.

Ханси Флик ќе прави промени во тимот, главно поради финансиските потреби на клубот. Барселона конечно успеа да го стабилизира финансискиот дел и сега има намера да се ослободи од фудбалерите кои не се повеќе неопходни.

Вардар сигурен, Шкендија има шанси, Силекс и Работнички тешко! ↓↓↓


Најголемото изненадување (можеби и не е толку големо) е Марк-Андре тер Штеген. Флик реши дека германскиот голман веќе не е потребен. Тер Штеген имаше сериозна повреда поради која пропушти значителен дел од минатата сезона, а сега е на трансфер листата. Другиот голман, Инаки Пења, исто така е дел од листата, иако тој не доби многу шанси да се докаже.

Многу беше дискутирано и за тоа дали Андреас Кристенсен ќе остане, но се чини дека најверојатно ќе замине. Флик го отпишал од своите планови и му напоменал дека може да бара нова средина.

На листата за заминување се уште и Ориол Ромеу и Пау Виктор, кои веќе од претходно не се во плановите на клубот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Ниту трансфер, ниту клупа: Тер Штеген го чека нова долга пауза!?

Голманот на Барселона, Марк-Андре Тер Штеген, би можел повторно да замине на операција. Ге…