Дома Фудбал Флик не толерира, Левандовски се пожалил – куварот во Барса веднаш добил отказ!

Флик не толерира, Левандовски се пожалил – куварот во Барса веднаш добил отказ!

Ханси Флик за многу кратко време направи бројни промени во Барселона, а кога нешто не го задоволува, брзо се обидува да пронајде решение.

Така е и со храната, која е важен фактор за германскиот стручњак. Флик смета дека правилната исхрана е многу важна за да се постигне максимален учинок од играчите на Барселона, а на патувањата не е можно сè да функционира совршено.

Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог


На едно од патувањата, Левандовски се пожали на неговиот тренер за начинот на кој биле сварени јајцата, Флик го забележал тоа и го пренесе на клубот неговото барање да го замени професионалниот готвач.

Пред неколку недели започнаа интервјуа со престижни готвачи, а разговорите со потенцијалните кандидати ги вршат Деко и нутриционистката на првиот тим Силвија Тремоледа.

Тие ќе изберат готвач со кого играчите и самиот Флик ќе бидат во целост задоволни и во иднина ќе постигнуваат уште подобри резултати во Шпанија и Европа.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

„Вирц згреши што потпиша за Ливерпул“

Поранешниот германски репрезентативец Дитмар Хаман смета дека Флоријан Вирц направи грешка…