Дома Фудбал Флик има „ас во ракавот“ и се вика Гираси

Флик има „ас во ракавот“ и се вика Гираси

Еден од најдобрите голгетери на денешницата, Серу Гираси, е водечкиот кандидат да го наследи Роберт Левандовски во Барселона, пренесува германскиот “Билд”, истакнувајќи дека фудбалерот на Борусија Дортмунд е голема желба на тренерот Ханси Флик.

Каталонскиот великан наредното лето сигурно ќе остане без најдобриот полски фудбалер, а одвреме-навреме се појавуваат информации за тоа кој би можел да биде неговиот достоен наследник.

ТОП 11 МАКЕДОНСКИ ЈАВНИ ЛИЧНОСТИ - *Football Edition*


Последните информации велат дека тоа би можел да биде Гираси, играч кој процвета од неговиот доаѓање во Бундеслигата пред три години.

Ништо не навестуваше дека 29-годишниот Африканец ќе блесне на таков начин во Бундеслигата, иако веќе во Рен покажа дека има голгетерски квалитети.

Сјајната сезона 2023/24 во Штутгарт и преселбата во Борусија Дортмунд беа најдобра потврда дека формата на Гираси оди нанапред, а ваков развој на настани му одговараше и на Флик кој „го следеше“ момчето од Гвинеја во намерата тој да биде достоен наследник на Левандовски.

Потенцијален проблем би можел да биде тоа што Гираси има договор со Борусија до летото 2028 година, па „милионерите“ имаат можност сериозно да заработат на играчот кој го доведоа минатото лето од Штутгарт за отштета од 18 милиони евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Барса со пресврт го победи Овиедо

Во натпревар од 6. коло на шпанската Ла Лига, Реал Овиедо ја пречека Барселона, која тешко…