Барселона денеска започнува во своето омилено натпреварување – шпанскиот Куп, каде има рекорден број од 31 трофеј, а истовремено би можело да биде и потенцијално збогување од некои играчи.
Ханси Флик одлучи да одмори некои клучни играчи, капитенот Рафиња е изоставен, Ламин Јамал се уште е надвор од игра поради повреда, а како што е повреден и Феран Торес, вечерва Ансу Фати би можел да се збогува со Барселона.
ТЈ како "Дедо Мраз": Кој сака да освои 50.000 € ↓↓↓
Се знае дека тој е одамна надвор од плановите на Флик, клубот сака да се ослободи од неговата плата и да отвори простор за засилувања. Верувале или не, иако не одигра многу по враќањето од Брајтон, Фати не постигна ниту еден гол во 2024 година.
Вечерва шанса ќе добијат и Ерик Гарсија и Френки де Јонг, кои исто така би можеле да заминат. Гарсија е во преговори со Жирона која е подготвена да го врати во своите редови по ланското позајмување за 10 милиони евра.
Најмногу е во фокусот Френки де Јонг, кој е само петти избор во средниот ред, а Барселона е подготвена да го продаде доколку одбие да потпише нов договор, сегашниот му истекува летото 2026 година.