Дома Фудбал Флик им дава последна шанса – трио фудбалери ќе се збогуваат со Барселона?

Флик им дава последна шанса – трио фудбалери ќе се збогуваат со Барселона?

Барселона денеска започнува во своето омилено натпреварување – шпанскиот Куп, каде има рекорден број од 31 трофеј, а истовремено би можело да биде и потенцијално збогување од некои играчи.

Ханси Флик одлучи да одмори некои клучни играчи, капитенот Рафиња е изоставен, Ламин Јамал се уште е надвор од игра поради повреда, а како што е повреден и Феран Торес, вечерва Ансу Фати би можел да се збогува со Барселона.

Од лозје до чаша: Уметноста на виното со Теодор Бојаџиев | Уште еден поткаст


Се знае дека тој е одамна надвор од плановите на Флик, клубот сака да се ослободи од неговата плата и да отвори простор за засилувања. Верувале или не, иако не одигра многу по враќањето од Брајтон, Фати не постигна ниту еден гол во 2024 година.

Вечерва шанса ќе добијат и Ерик Гарсија и Френки де Јонг, кои исто така би можеле да заминат. Гарсија е во преговори со Жирона која е подготвена да го врати во своите редови по ланското позајмување за 10 милиони евра. 

Најмногу е во фокусот Френки де Јонг, кој е само петти избор во средниот ред, а Барселона е подготвена да го продаде доколку одбие да потпише нов договор, сегашниот му истекува летото 2026 година.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Мо Салах не ги сака новите соиграчи?

Барем така велат Германците кои застануваат на страната на мнозинството новопристигнати мо…