Дома Фудбал Флик донесе конечна одлука за потенцијалниот трансфер на Нико Вилијамс во Барселона

Флик донесе конечна одлука за потенцијалниот трансфер на Нико Вилијамс во Барселона

Тренерот на Барселона, Ханси Флик, дал зелено светло за трансферот на шпанскиот репрезентативец Нико Вилијамс, кој блескаше на Европското првенство. Според информациите од шпанските медиуми, Флик не само што го поддржал ангажманот на младиот офанзивец, туку го истакнал како приоритетна засилување за летниот преоден рок.

Нико Вилијамс, кој моментално настапува за Атлетик Билбао, се наоѓа во одлична форма и привлекува внимание со својата брзина, дриблинг и креативност на левото крило. Барселона веќе подолго време го следи, но со доаѓањето на Флик, интересот преминува во конкретна акција.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Финансискиот дел на трансферот сè уште е тема на преговори, бидејќи клаузулата за откуп на договорот на Вилијамс изнесува околу 58 милиони евра. Барселона ќе се обиде да најде креативно решение со раководството на Атлетик Билбао, со надеж дека ќе го обезбеди потписот на еден од најталентираните шпански фудбалери на денешницата.

Фото: Grok AI

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Јувентус повторно се обидува да го врати Коло Муани

Јувентус повторно ја разгледува можноста за враќање на напаѓачот Рандал Коло Муани во клуб…