Дома Фудбал Флик доби добро познато име и големо засилување во стручниот штаб

Флик доби добро познато име и големо засилување во стручниот штаб

Турбулентно е во Барселона и ова лето и на почетокот на новата сезона, но сега пристигнува и една убава вест.

Тијаго Алкантара, кој беше во стручниот штаб на Ханси Флик при доаѓањето во Барселона, се врати во каталонскиот клуб.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Како што е познато, Шпанецот мораше да го прекине својот ангажман во Барселона за да се пресели привремено во Ливерпул за да избегне бирократски проблеми. Потоа, кога се реши сѐ, повторно го прифати повикот на Ханси Флик да стане дел од неговиот стручниот штаб.

Тијаго веќе почна со работа во тренинг центарот на Барса, извори велат дека поминува многу време со Флик и дека ќе биде големо засилување за стручниот штаб.

Како што е познато, Тијаго Алкантара е дете на Барселона, своевремено дебитираше под Пеп Гвардиола, со кого и си замина во Бајерн Минхен летото 2013 година.

По Минхен, играше и за Ливерпул и со три гиганти освои сите можни трофеи.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Ждреб за плеј-офот во ЛШ: Мурињо повторно против Реал!

Во швајцарскиот град Нион денеска се одржа жрепката за плеј-оф фазата на Лига на шампиони,…