Дома Фудбал Фирмино ја освои Лигата на шампиони во Азија, па го крена сидрото: Познато е името на новиот клуб

Фирмино ја освои Лигата на шампиони во Азија, па го крена сидрото: Познато е името на новиот клуб

Бразилскиот напаѓач, Роберто Фирмино, наскоро ќе биде претставен во новиот клуб. Ќе ја напушти Саудиска Арабија, но ќе остане во Азија.

За четири милиони евра Хофенхајм го доведе Роберто Фирмињо од Томбенсе во 2011 година.

Вардар, Работнички, Силекс, Шкендија – Кој ќе блесне во Европа!? ↓↓↓


Во овој германски клуб започна неговиот подем за во 2015 година да го доведе Ливерпул за 41 милион евра.

Блескаше во дресот на „црвените“ осум години, освои меѓу другото и Премиер лига и Лига на шампиони, и во 2023 ја напуштија клубот.

Тогаш отиде во Ал-Ахли од Саудиска Арабија и со овој тим успеа да ја освои азиската Лига на шампиони.

Сега е време за нова промена на средината, а познато е и каде ќе ја продолжи кариерата.

Како што објави италијанскиот инсајдер Фабрицио Романо, постигнат е договор и Фирмино ќе се приклучи на катарскиот Ал Сад.

Фото: Принтскрин

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Јунајтед ја одреди цената за Рашфорд

Во Манчестер Јунајтед ја одредија цената на Маркус Рашфорд. Според шпанскиот весник AS „цр…