Дома Трансфер зона Фиорентина ништо не ризикува: Де Геа добива нов договор со двојно поголема плата!

Фиорентина ништо не ризикува: Де Геа добива нов договор со двојно поголема плата!

Управата на Фиорентина ќе го продолжи договорот со голманот Давид Де Геа, кој ќе добива двојно поголема плата, објавија денеска италијанските медиуми.

Како што пренесува „Кориере дело Спорт“, клубот од Фиренца ќе ја активира клаузулата во договорот на шпанскиот голман, кој така ќе остане на „Артемио Франки“ до 2026 година.

Disc Golf challenge: Дали некој ќе погоди од прва!? ↓↓↓


Де Геа минатото лето потпиша едногодишен договор, а клубот може да ја продолжи соработката, па доколку тоа се случи, 34-годишниот Шпанец ќе има двојно поголема плата, 2,4 милиони евра по сезона.

Де Геа е еден од најдобрите голмани во Серија А оваа сезона, одбранувајќи 80,6 отсто од ударите кон голот, повеќе од Јан Зомер од Интер и Мајк Менџиано од Милан.

Коментари
Прочитајте поврзани статии

Проверете

Реал руши рекорди за Салиба

Реал Мадрид е подготвен да направи рекорден договор за централен дефанзивец со ангажирањет…