
Фудбалскиот клуб Партизан денеска беше строго санкциониран од страна на светската фудбалска федерација ФИФА, која му изрече забрана за регистрација на нови играчи.
Со оваа одлука, Партизан не може да ангажира нови засилувања се до лето 2027 година, односно за следните три преодни периоди.
Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог
Црно-белите ја добија оваа казна како резултат на тужбата што ја поднесе нивниот поранешен фудбалер Патрик Андраде, кому должат значителен износ на плати.
Партизан го загуби спорот пред Судот за спортска арбитража (CAS) во Лозана и е должен да му исплати на играчот од Зеленортските Острови сума од неверојатни 1,3 милиони евра.
Андраде настапуваше за Партизан од лето 2022 до лето 2023 година, а освен него, клубот го тужи и неговиот агент, на кого се должат 270.000 евра.
Во дресот на Партизан, Андраде одигра вкупно 26 натпревари и постигна два погодоци и три асистенции.
Додатен предизвик за Партизан е фактот дека треба да ги реши уште многуте финансиски обврски, кои се неопходни за добивање лиценца за учество во европски натпревари.
Моментално, Партизан е лидер во српскиот шампионат со предност од четири бодови пред Црвена звезда.