Дома Фудбал ФИФА испрати извинување до Украина

ФИФА испрати извинување до Украина

Меѓународната фудбалска федерација (ФИФА) денеска се извини на Фудбалската федерација на Украина за прикажување на карта на нивната земја без Крим, територијата која беше окупирана од Русија, за време на ждрепката за квалификациите за Светското првенство 2026 година.

“Целосно ја разбираме чувствителноста на ова прашање и иако инцидентот беше ненамерен, искрено жалиме”, напиша шефот на асоцијацијата на членките на ФИФА Елхан Мамадов во писмото што го објави Фудбалската федерација на Украина.

Анде Јанков - македонски автор: Тајните на пишување добар крими роман!? ↓↓↓


Украина беше една од 54 репрезентации вклучени во ждрепката во петокот во Цирих за европските квалификациски групи за Светското првенство 2026 година.

Крим, полуостров кој Русија незаконски го окупираше во 2014 година, не беше обоен како дел од украинска територија во графичкиот пренос за време на ждрепката во седиштето на ФИФА.

“ФИФА, дали сте добро?”, напиша портпарол на украинската влада Георгиј Тихи, по ждрепката, на социјалната мрежа X и додаде “очекуваме јавно извинување”.

Мамадов наведе дека картата ја обезбедил надворешен соработник и дека ФИФА размислува како да се “осигури дека вакви превиди нема да се повторуваат во иднина”.

ФИФА поради агресијата врз Украина во февруари 2022 година забрани на Русија учество во меѓународни натпревари.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Манчестер јунајтед ја донесе одлуката за Зиркзе!

Играчите на Манчестер Јунајтед се соочуваат со голем притисок, а еден од тие играчи кои се…