
ФИФА се соочува со комплексен предизвик пред Светското првенство 2026 година, кое ќе се одржи во САД, Канада и Мексико.
Клучното прашање е како да се постапи со Иран, земја која е во политички и воен конфликт со САД, еден од организаторите на турнирот.
Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст
Во моментов, регулативата на ФИФА не го спречува Иран да игра натпревари во САД, иако таа земја е подложна на американски санкции и забрани за патување кои го отежнуваат влезот на иранските граѓани во САД.
Сепак, постојат законски исклучоци кои би можеле да овозможат специјален статус на иранските фудбалери, стручниот тим и нивните семејства за учество на Светското првенство.
Да потсетиме, Иран во март минатата година се квалификуваше за своето четврто последователно Светско првенство, а на Мундијалот во Катар 2022 година играше во иста група со САД. За турнирот во 2026 година, иако домаќини ќе бидат Канада, САД и Мексико, можно е Иран да избегне играње натпревари во САД ако се најде во група А, бидејќи натпреварите би се одржувале во Мексико.
Меѓутоа, ако Иран ја мине групната фаза, ситуацијата станува покомплицирана. Додека останатите тимови би играле натпревари од осминафиналето во Мексико, Иран ако продолжи понатаму, би морал да настапува во САД, што отвора прашања за безбедноста и политичките тензии.