
Пред новите квалификации за Светското првенство, фудбалската сцена добива интересна димензија така што клубовите ширум светот сега ќе имаат дополнителна причина со гордост да гледаат како нивните играчи добиваат покани за националните селекции.
Причината лежи во свежата одлука на ФИФА, врвната организација на светскиот фудбал, значително да ги зголеми надоместоците што клубовите ги добиваат кога нивните фудбалери настапуваат за репрезентацијата.
До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст
Според новите правила, премиите се зголемени дури за 70 проценти во споредба со претходниот циклус, што значи дека финансискиот бенефит за клубовите ќе биде поголем од кога било претходно.
ФИФА има издвоено импозантни над 300.000.000 евра, кои ќе бидат распределени меѓу екипите ширум планетата.