Дома Фудбал ФИФА официјално објави: Еве колку ќе заработи победникот на Светското клупско првенство

ФИФА официјално објави: Еве колку ќе заработи победникот на Светското клупско првенство

Победникот на Светското клупско првенство ќе заработи до 125 милиони долари, објави денеска Меѓународната фудбалска федерација (ФИФА).

ФИФА потврди дека наградниот фонд на Светското клупско првенство изнесува милијарда долари, а денеска ја објави распределбата на наведената сума.

Street Workout Macedonia – Движење што гради сила, карактер и издржливост | Уште еден поткаст


“Моделот на распределба на наградите на СП претставува најголем награден фонд досега на еден турнир. Победникот може да заработи до 125 милиони долари,” изјави претседателот на ФИФА, Џани Инфантино.

Британските медиуми потсетуваат дека половината од наградниот фонд ќе го добијат учесниците на клупското СП како фиксен, загарантиран износ.

“Покрај средствата кои се обезбедени за клубовите учесници, ќе се спроведе и програма за солидарност, со цел дополнително да се распределат 250 милиони долари за фудбалот низ светот. Целиот приход ќе биде распределен кон клубовите, а резервите на ФИФА кои се наменети за развој на фудбалот во 211 членки, ќе останат нетакнати,” додаде Инфантино.

Клупското СП ќе се одржи во САД од 14 јуни до 13 јули оваа година.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Разочарување за навивачите на Реал Мадрид: Од тој трансфер нема ништо!

Утринава пристигнуваат вести што несомнено ќе ги разочараат навивачите на Реал Мадрид ширу…