Дома Фудбал ФИФА наскоро потврдува нова репрезентација

ФИФА наскоро потврдува нова репрезентација

Фудбалската асоцијација на Гренланд веќе долго време сака да влезе во ФИФА и УЕФА и да учествува во официјалните натпреварувања. Според последните информации, административните пречки се при крај и во Гренланд се подготвуваат за сериозно ниво на фудбал. Изработи сини дресови кои потсетуваат на ледена плоча и тие се хит на социјалните мрежи.

Дресовите асоцираат на држава која е 80 проценти покриена со лед и вода. На ракавите се наоѓаат црни линии кои го симболизираат традиционалниот гренландски вез. Гренланд би станал нова репрезентација по Гибралтар и Косово, но останува прашање во која зона би играле.

Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


Нивната фудбалска селекција досега има одиграно пријателски натпревари против Исланд и Фарските Острови. Гренланд моментално нема стадион што ги исполнува условите на УЕФА и ФИФА. Се планираат наскоро да играат пријателски натпревари против Канада, а минатата година беа поразени со 5:0 од Туркменистан.

Постои шанса Гренланд да игра во квалификациите за Европското првенство во 2028 година, а во случај да бидат дел од КОНКАКАФ, би играле во квалификациите за Светското првенство во 2030 година. Гренланд има ист статус како и Фарските Острови внатре во Кралството Данска, а Фарските веќе долго учествуваат во европските квалификации.

.
Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Нè чека пеколна борба за ЛШ: Астон вила му одржа лекција на Њукасл

Екипата на Астон Вила попладнево приреди вистинска фудбалска лекција и со убедлива победа …