Дома Моторспорт Ферстапен е во преговори со четири екипи од Ф1?

Ферстапен е во преговори со четири екипи од Ф1?

Макс Ферстапен наводно ги разгледува сите опции за 2026 година и понатаму. Иако има важечки договор со Ред Бул до 2028 година, неговиот останок во тимот повеќе не е толку сигурен. Според тврдењата на официјалниот претставник на ФИА, Дерек Ворвик, Верстапен веќе води разговори со дури четири различни Ф1 тима.

Ворвик во интервју за Плејмо изјави дека верува оти Ферстапен во моментов разговара со Мекларен, Ферари, Мерцедес и Астон Мартин.

Од неколку парчиња пелени до успешен бизнис - Приказната за Балон Твистер ↓↓↓


Нагласи дека, иако Ферстапен има долгорочен договор на хартија, моменталната атмосфера внатре во Ред Бул остава простор за промени.

„Ако велите дека разговара со секој тим, тоа во суштина значи: Мекларен, Ферари, Мерцедес и можеби Астон Мартин“, рече Ворвик.

Фото: Принтскрин

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Моторспорт

Проверете

Дали ова е крајот: Хамилтон веќе размислувал за пензија?

Луис Хамилтон сѐ уште ја бара вистинската форма во Ферари, а претставникот на ФИА, Дерек В…