Дома Фудбал Фернандеш веќе не може да издржи: Бара да си оди, а европски гигант нуди 65 милиони евра за него

Фернандеш веќе не може да издржи: Бара да си оди, а европски гигант нуди 65 милиони евра за него

Излегоа нови информации според кои се тврди дека Бруно Фернандес веќе не може да издржи во Манчестер Јунајтед. Покрај тоа, исто така се појавија тврдења за тоа каде португалскиот фудбалер ќе ја продолжи својата кариера, а тоа нема да биде Саудиска Арабија како што се очекуваше досега.

Уште на 11 јануари, англиските медиуми почнаа да тврдат дека Бруно Фернандес започна да инсистира на заминување од Манчестер Јунајтед.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Единствениот проблем е што веројатно ќе мора да го почека летото бидејќи раководството на Манчестер Јунајтед сака да има доволно време да најде замена за него.

Искусниот фудбалер наводно се измори од постојаните проблеми кои ги има на Олд Трафорд, а без разлика колку се труди, клубот не напредува ниту на теренот, ниту надвор од него.

Фернандес е долгогодишна “мета” на саудиската професионална лига, но тој сепак се надева дека може да остане во Европа уште некоја година.

Во неговиот договор со Манчестер Јунајтед постои клаузула според која може да потпише за клубови кои не се од Премиерлигата за 65 милиони евра.

Токму таа е сумата која наводно ја подготвиле во европскиот гигант, а станува збор за раководството на Баерн од Минхен.

Тие покажаа дека знаат да трошат пари, но само на играчи за кои се уверени дека ќе направат разлика на теренот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Дојде во Вардар како големо засилување, сега неславно си замина!

Најуспешниот македонски фудбалски клуб Вардар преку официјално соопштение потврди дека во …