Дома Фудбал Фердинанд за Јамал: Никогаш не сум видел нешто слично на него во мојот живот

Фердинанд за Јамал: Никогаш не сум видел нешто слично на него во мојот живот

ПОРАНЕШНИОТ англиски фудбалер и легенда на Манчестер Јунајтед Рио Фердинанд (46) го изрази своето восхитување кон младиот шпански фудбалер Ламин Јамал (17), кој во последно време се истакнува како еден од најперспективните играчи во светот.

Фердинанд на социјалната мрежа X (поранешен Твитер) го сподели своето мислење за Јамал,: „Никогаш не сум видел нешто слично на него на оваа возраст во мојот живот. Никој не го прави она што тој го прави на истото ниво со таква доследност!“

Не се плашам од немање пари – FitKit, Coach Foods и претприемачкиот пат на Јосиф Дамјанов ↓↓↓


Ламин Јамал, младиот талент на Барселона, веќе стана глобална сензација во фудбалските кругови. Со само 16 години, Јамал се етаблираше како клучен играч на каталонскиот клуб и шпанската репрезентација. Вчера, со Барселона влезе во четвртфиналето на Лигата на шампионите со вкупна победа од 4:1 против Бенфика.

Барселона го потврди гостинскиот триумф од 1:0 со домашна победа од 3:1, а токму Јамал блесна. Во 11. минута асистираше на Рафиња за 1:0, а во 27. ја постигна прекрасен погодок за 2:1.

Оваа сезона Јамал има 12 голови и 17 асистенции во 37 настапи за Барселона, а според Трансфермаркт вреди 180 милиони евра. Барселона во четвртфиналето ќе игра против победникот од дуелот помеѓу Лил и Борусија Дортмунд.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Реал го плати 50 милиони евра, па го продава по една сезона

Реал Мадрид под новото водство на тренерот Чаби Алонсо отпочнува нова фаза. Тимот покажува…