Дома Фудбал Феликс требаше да биде големо засилување, но засега добива жестоки критики

Феликс требаше да биде големо засилување, но засега добива жестоки критики

Жоао Феликс дојде како големо засилување во Милан, но од синоќа е под критика.

Португалецот потфрли во ремито со Феенорд кое му ја чини Милан елиминација од Лигата на шампионите.

Не се плашам од немање пари – FitKit, Coach Foods и претприемачкиот пат на Јосиф Дамјанов ↓↓↓


Статистиката покажува дека Феликс направил огромен број на грешки, бидејќи успешно изврши само 67% од додавањата, создаде една шанса, а при долгите топки само во 20% од случаите ги најде своите соиграчи, односно секоја петта беше прецизна. Најлошо од сè е што дури 17 пати изгуби топката.

Навивачите не покажуваат нежност кон него на социјалните мрежи и сметаат дека никогаш нема да го исполни својот потенцијал, бидејќи одамна го помина моментот да исчекор напред и да се покаже на големата сцена.

На досегашните пет натпревари за Милан, постигна еден гол, а многумина веќе сега пишуваат дека клубот не треба да го откупува на крајот од сезоната.

Во Челси изгледа нема иднина, па останува да видиме што ќе биде со Феликс во 2025 година…

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

На повидок спектакуларно враќање на играч во Барселона

Барселона зад себе има една многу успешна сезона под раководството на тренерот Ханси Флик.…