
Лејвер купот оваа година ќе се игра во септември во Сан Франциско. Сè уште не се познати комплетните тимови, но за организаторите е од голема важност што Карлос Алкараз веќе потпиша договор за учество. Шпанецот минатата година донесе победнички поен за Тимот на Европа во Берлин, но оттогаш неговата популарност експлодираше, така што тој стана вистински магнет за гледачите.
Сепак, Роџер Федерер, еден од сосопствениците на ова натпреварување посветено на еден од најголемите шампиони на сите времиња, Австралиецот Род Лејвер, планира уште поголема атракција.
Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст
– Ќе се обидам да ја соберам големата четворка во Сан Франциско – изјави Швајцарецот во интервју за Eurosport.
Фото: Принтскрин