Искусниот германски фудбалски репрезентативец Џонатан Тах е на чекор до преминување во редовите на Барселона, објави Фабрицио Романо.
Тах како капитен го водеше Баер Леверкузен до двојната круна и финалето на Лигата на Европа минатата сезона, а на 30 јуни следната година му истекува договорот со актуелниот шампион на Бундеслигата со што ќе ја промени средината.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Се очекуваше да премине во Баерн кој гореше од желба да го донесе во својот тим, но изгледа дека Барселона реагираше побрзо.
Тах и Баерн преговараа уште од летото откако баварскиот клуб го посакуваше да го доведе со пониска отштета бидејќи неговиот договор наскоро истекуваше, но дефанзивецот остана уште една сезона во Леверкузен па се очекуваше да замине во Минхен без отштета на крајот од оваа сезона.
Баерн беше сигурен во неговиот трансфер, но до пред влегувањето на Барселона во преговорите која се покажа како поконкретна и така „заврши“ трансферот на германскиот репрезентативец.
Романо пишува дека вчера во Леверкузен слета спортскиот директор на Барселона Деко кој таму се сретнал со Тах и неговиот агент Пини Захави.
„Барселона му понуди на Тах прва понуда, а преговорите по тоа напреднаа толку што за реализација на договорот остана само усогласување на одредени детали“, посочи Романо.
Тах во девет и пол години во Леверкузен собра 374 натпревари, постигна 15 гола и асистираше за 12 голови. „Трансфермаркт“ ја проценува неговата вредност на 30 милиони евра.