
Италијанскиот Комо, кој не толку одамна влезе во Серија А, продолжува да го составува тимот кој би требало да се бори за излез на европската сцена.
Самото доведување на Сеск Фабрегас на местото тренер покажува дека Комо има сериозни планови во Серија А и дека не мисли да биде минувач во италијанската елита.
Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст
Откако се постигна целта да се остане во лигата, Комо сега има поголеми амбиции и сака да се пласира на европската сцена.
Доказ за тоа се и засилувањата што ги доведува овој клуб. Фабрицио Романо потврди дека во Комо оди и Алваро Мората.
“Алваро Мората оди во Комо. Договорот е постигнат со Галатасарај за 5 милиони евра со цел да се раскине позајмицата.”
Комо ќе го потпише Мората од Милан на позајмица со обврска за откуп. Мората сакаше да оди само во Комо”, тврди Романо.
Фото: Принтскрин