
Баер од Леверкузен очигледно го има пронајдено својот тип. Има нешто во шпанските магионичари кои некогаш господареле на средината од теренот…
Одвамна е познато дека доаѓањето на Ќаби Алонсо на клупата на мадридскиот Реал е веќе завршена работа. Некогашниот фудбалер токму на „лос бланкос“, Ливерпул и Баерн ќе ја напушти „Бај арената“ како стручњак кој на Леверкузен му ја донесе првата титула шампион на Германија, а во претходната сезона лигашкиот трофеј дополнително го зачини и со освојувањето на купот.
Учиме по најтешкиот пат: Со едукација за заштита и спасување до спречување на трагедии! ↓↓↓
Малку недостасуваше „фармацевтите“ да освојата тројна круна и сезоната да ја завршат без пораз, но во финалето на Лига Европа ги надмина и им се испречи „божицата“ од Бергамо. Атланта го совлада Баер (3:0) кој очигледно беше уморен, и така го остави без европскиот пехар кој би ја крунисал феноменалната година.
Спортскиот сектор на тимот од градот на брегот на Рајна верува дека наследникот на Алонсо може да го најде во неговиот долгогодишен репрезентативен колега и ривал во дресовите на Барселона и Арсенал. Заедно владееја Европа и светот во дресот на „фуријата“, а сега генијалецот од Баскија факелот може да го предаде токму на магионичарот од Каталонија, Сеск Фабрегас.
Еден од најдобрите асистенти во историјата на Премиер лигата оваа сезона го води тимот на Комо. Вратениот клуб во италијанската елита го воведе во мирна лука, а тимот од прекрасното езеро се наоѓа точно на средината на табелата три кола пред крајот на првенството.
Тоа привлече внимание и кај Рома, која на Леверкузен ќе му биде наизглед главен конкурент во трката за неговиот потпис. Конкретни потези од заинтересираните клубови сè уште нема, но разврската несомнено ќе се случи наскоро.