
Легендата на италијанскиот фудбал и освојувач на Светското првенство 2006 година, Фабио Канаваро, би можел да ја преземе селекцијата на Узбекистан, пренесуваат италијанските медиуми.
Фудбалската федерација на Узбекистан стапила во официјален контакт со Канаваро за да разговараат за неговото ангажирање на местото селектор.
Македонија се дави во ѓубре - решението го бараме во Данска
Репрезентацијата веќе го обезбеди пласманот на Светското првенство 2026 година, а на клупата би можел да ја предводи поранешниот капитен на „азурите“.
Канаваро својата тренерска кариера најголем дел ја градеше во Кина, а потоа се врати во Италија каде го водеше Беневенто (2022/23) и Удинезе (2023/24).
Последниот ангажман го имаше во Динамо Загреб, но го напушти клубот по неуспешната борба за титулата.
Узбекистан до историскиот пласман на Мундијалот дојде со освојување на второто место во групата А во третата фаза на азиските квалификации, зад Иран, а пред селекциите како Обединетите Арапски Емирати, Катар, Киргистан и Северна Кореја.
Репрезентацијата на Узбекистан во најголемиот дел од квалификациите за Светското првенство 2026 година ја предводеше словенечкиот стручњак Среќко Катанец, но тој на почетокот на јануари годинава ја напушти клупата поради здравствени причини.
Неговото место го презеде поранешниот капитен и легендарен фудбалер на таа земја, Тимур Кападзе, кој успешно ги доведе квалификациите до крај и официјално го однесе националниот тим на историскиот Мундијал.