
Фудбалската асоцијација на Англија го обвини фудбалерот Родри за неправилно однесување поради неговите коментари за судиите по ремито (2:2) со Тотенхем претходно овој месец.
Освојувачот на „Златната топка“ изрази незадоволство што голот на Доминик Соланке во натпреварот беше признат, по што направи заклучок дека постојат предрасуди против Манчестер Сити поради честите освојувања на титулите од клубот во последниве години.
До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст
“Не знам како да се чувствувам сега, откако ги видов снимките. Очигледно има прекршок при нивниот прв гол. Затоа постои ВАР. Ако не го постигнаа тој гол, веројатно ќе победевме. Овој натпревар е уште еден случај каде што се случува нешто вакво. Никогаш не зборувам за судиите, многу ја почитувам нивната работа, но тие треба да обрнат внимание на овие работи. Соланке го нагази Геи и тоа е очигледен прекршок. Не е само денес, туку во два, три последователни натпревари. Не знам зошто се случува. Знам дека многу често победувавме и луѓето не сакаат да победуваме повторно, но судиите треба да бидат неутрални. За мене, искрено, тоа не е фер. Како што вели менаџерот, ова е невозможно. Не велам дека нивото на судиите овде е лошо, одлично е… Сега сум еден од капитените и сакам да го кажам ова денес. Се чувствуваме малку вознемирени поради ова”, изјави Родри во споменатото интервју.
Шпанецот треба да даде одговор на обвинението до 18 февруари.