Формула 1 конечно се врати со предсезонските тестирања кои ќе се одржуваат во следните три дена во Бахреин.
Во центарот на вниманието првиот ден беше пред сè Луис Хамилтон, кој за првпат официјално настапи како возач на Ферари.
Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст
На патеката беше и ветеранот Фернандо Алонсо со својот Астон Мартин, а одличен ден имаше и новајлијата во Ред Бул Лијам Лосон кој оствари второ време.
Денот сепак го обележа тинејџерот на Мерцедес Андреа Кими Антонели, кој беше најбрз со време од 1:31,428 минути.
— ОвоОно (@OvoOnoX) 26 февруари 2025
Коментари