Данска ја победи Англија на „Вембли“, а единствениот гол на натпреварот го постигна Кристијан Ериксен од пенал.
Дуелот за Англија беше јубилеен 100. за Ериксен и Симон Кјаер. Двајцата сонародници би можеле да се судрат за викендот кога ќе играат Интер – Милан, но проблемот е што Ериксен кај Конте веројатно ќе биде на клупа.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Секогаш играв добро за Спарсите и за репрезентацијата, односно давав се од себе. Проблемот е што сега во клубот не играм како во Тотенхем. Многу повеќе сум среќен во репрезентацијата, тука ме пуштаат да играм“, изјави Ериксен.
Не е тајна дека Конте не сака да го става под притисок затоа што клубот вложи во него, но сигурно дека оваа порака италијанскиот стратег нема баш најдобро да ја дочека.