Дома Фудбал Италија Eриксен поради хаосот во Италија остана без смештај, Интер веднаш реагираше

Eриксен поради хаосот во Италија остана без смештај, Интер веднаш реагираше

Поради пандемијата од коронавирусот на сите граѓани во Италија наредено им е да не ги напуштаат своите домови, освен ако имаат некој итен случај или мораат да отидат до супермаркет.

Ситуацијата во Италија е сериозна и јасно е дека оваа земја е најмногу погодена од коронавирусот. Заразени се и неколку играчи во Серија, поради што клубовите превземаа мерки за заштита на своите останати фудбалери.

Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


Но, во неочекуван проблем се најде играчот на Интер Кристијан Ериксен. Ериксен неоамна пристигна во Интер од Тотенхем и се уште не пронајде куќа во која ќе живее.

Од доаѓањето во Интер данскиот играч со семејството живееше во хотел, но доби наредба да го напушти хотелот. Имено, сите хотели во Милано се затвараат на две недели поради што Данецот остана без смештај.

Меѓутоа во Интер веднаш реагираа и му пронајдоа смештај на својот фудбалер.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Нè чека пеколна борба за ЛШ: Астон вила му одржа лекција на Њукасл

Екипата на Астон Вила попладнево приреди вистинска фудбалска лекција и со убедлива победа …