Кристијан Ериксен од Тотенхем се пресели во редовите на Интер.
Кога Интер за 20 милиони евра го доведе Ериксен на сите им беше јасно дека клубот од Милано направи одлична зделка.
Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓
И самиот Ериксен смета дека тоа било одличен потег на клубот, но дека промената на средината му годи и него.
„Трансферот ми изгледа како добар потег. Интер покажа голем интерес, а на играчите им е важно да знаат дека се посакувани. Навивачите на Тотенхем беа лути кога кажав дека со Интер полесно ќе освојам некој трофе, но тоа е вистина. Погледнете каква е конкуренцијата во Англија“, изјави Ериксен.
Сезонава Интер и Лацио се обидуваат да ја прекинат доминацијата на Јувентус во Серија А.