Во натпреварите од третото коло во англиската Премиер лига дербито ќе се игра на „Енфилд“.
Ливерпул го пречекува Арсенал, а двата тима се наоѓаат на врвот на табелата после второто коло по шест бодови.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Топџиите“ во последните три гостувања на „Енфилд“ имаат очајна статистика запишуваа порази од 5:1, 4:0 и 3:1, па јасно е зошто Емери не се радува на натпреварот со Ливерпул.
„Не сакам да играм против Ливерпул, ако мене ме прашувате кога не би морал не би играл никогаш. Играњето против нив за нас ќе биде голем предизвик. Нашата цел е да го намалиме заостанувањето зад екипи какви што се Ливерпул, Манчестер Сити и Тотенхем. Едно е сигурно, ќе биде добар натпревар“, порача Шпанецот.