Дома Трансфер зона Eкс-напаѓачот на Манчестер Јунајтед пред трансфер во Јужна Кореја?!

Eкс-напаѓачот на Манчестер Јунајтед пред трансфер во Јужна Кореја?!

Екс-фудбалерот на Манчестер Јунајтед, Џеси Лингард се уште е без ангажман откако минатото лето Нотингем Форест ја раскина соработката со него.

Лингард се поврзуваше со клубови од Шпанија, Саудиска Арабија и МЛС лигата, еден период тренираше и со Ал-Етифак и Интер Мајами, но тие не се одлучија да му понудат соработка.

Disc Golf challenge: Дали некој ќе погоди од прва!? ↓↓↓


Сега последните најави се дека би можел да направи трансфер во Јужна Кореја. Информациите се наводно дека Сеул му понудил двегодишна соработка со опција истата да биде продолжена на уште една. Во наредниот период Лингард би требало да го даде конечниот одговор.

Во својата кариера тој го носеше дресот на Манчестер Јунајтед, Брајтон, Бирмингем, Лестер, Вест Хем, Дерби и Нотингем.

Коментари
Прочитајте поврзани статии

Проверете

Реал руши рекорди за Салиба

Реал Мадрид е подготвен да направи рекорден договор за централен дефанзивец со ангажирањет…