Дома Трансфер зона Eден од најталентираните фудбалери на Ајакс на мета на Баерн

Eден од најталентираните фудбалери на Ајакс на мета на Баерн

Медиумите најавуваат дека Баерн Минхен ќе се обиде да го засили средниот ред со оглед на тоа дека договорот на Корентин Толисо истекува на крајот на сезоната и засега не е јасно дали соработката ќе биде продолжена.

Првите информации се дека голема желба на Баерн е играчот на Ајакс, Рајан Гравенберх. Низ германските медиуми може да се прочита дека овој фудбалер бил главна тема на разговор на состанокот помеѓу Оливер Кан и агентот на фудбалерот Мино Раиола.

Вардар, Работнички, Силекс, Шкендија – Кој ќе блесне во Европа!? ↓↓↓


Во овој момент нема информации за конкретна понуда, а цената на трансфер пазарот на младиот Холанѓанец е околу 30 милиони евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…