Еден од „бисерите“ на Вардар, Али Адем со своите одлични настапи во есенскиот дел од сезоната го сврте вниманието на повеќе клубови, а најголем интерес за него има од Турција.
Вардар е прв на табелата, а еден од оние кои најмногу се истакнаа е Али Адем. Турските медиуми со пофални зборови пишуваат за играта на Адем и порачуваат дека тој е „новиот Елмас“.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Адем уште пред почетокот на сезоната, во текот на летото се поврзуваше со Фенербахче, а сега изгледа Бешикташ е фаворит.
Финансиската ситуација во Бешикташ баш и не е најдобра и поради тоа клубот во јануари ќе се обиде да се засили со млади не толку скапи играчи. Ако Адем навистина заврши во Бешикташ или некаде на друго место, Вардар ќе остане без важен играч од средниот ред.