Манчестер Јунајтед во последниот преоден рок плати 40 милиони евра за Дони Ван Де Бек кој дојде од Ајакс, но овој играч не добива многу шанса кај Солскјер на стартот од сезоната.
Ван Де Бек беше најавен како големо засилување, но тој одигра само 70 минути во Премиер лигата и запиша два настапи во Карабао купот. Последниот натпревар против Челзи во ПЛ го изгледа од клупата за резерви.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
За Патрис Евра таа ситуација не е јасна.
„Мистерија е начинот на кој Ван Де Бек се користи од кога дојде. Не е во плановите на Солскјер и сега се поставува прашањето – има ли смисла да платите некого 40 милиони фунти и да го држите на клупа. Тој веројатно си мисли: Што јас правам тука?“, порача Евра.