Фудбалерите на Црвена Звезда со два гола во првото полувреме против Ливерпул вечерва приредија вистинска сензација во Лигата на шампионите.
Ова беше прва, историска победа за еден српски клуб во новиот формат на најелитното европско фудалско натпреварување.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Ако ги земеме во предвид парите кои српскиот шампион ги инкасираше во текот на квалификациите и после поминувањето во групната фаза доаѓаме до бројка од околу 15.2 милиони евра.
Но, ниту малку не е занемарлива заработката после сензационалната победа на црвено-белите над актуелниот вицешампион на Европа и петкратен освојувач на ова натпреварување.
Една победа во ова натпреварување носи заработка скоро исто колку и учеството на Звезда во Лигата на Европа – 2.7 милиони евра, додека за реми се плаќа 900.000.
https://youtu.be/9CzGOm3iN7U