Дома Фудбал Езе веќе рекол “да” на Тотенхем, очекува двата клуба да се договорат

Езе веќе рекол “да” на Тотенхем, очекува двата клуба да се договорат

Плејмејкерот на Кристал Палас Еберечи Езе го информирал раководството на клубот за својата желба да премине во Тотенхем, известува италијанскиот трансферен експерт Фабрицио Романо.

Играчот од средниот ред дал согласност да премине кај „петлите“ и сега очекува претставниците на двата тима да постигнат договор за цената на фудбалерот. Езе имал ослободителна клаузула во својот договор во износ од 68 милиони фунти, која истече во петокот, така што од сега натаму „орлите“ ќе треба да дадат согласност за зделката.

Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив?


Тотенхем е под притисок за потребата да го донесе Еберечи Езе поради неодамнешната повреда на Џејмс Мадисон, кој заработи повреда на коленото.

Вчера новиот менаџер на Тотенхем, Томас Франк, потврди дека раководството на клубот работи без престан во обид да ги обезбеди посакуваните нови фудбалери. Од своја страна, тренерот на Палас, Оливер Гласнер, потврди дека Еберечи Езе и Марк Геј тренираат со тимот и ќе бидат на располагање за дуелот со Челзи.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Сериозна криза: Родриго нема постигнато гол за Реал на последниве 29 натпревари!

Реал Мадрид нема трет напаѓач, кога не оди на Винисиус Жуниор и Килијан Ембапе, Родриго не…