Дома Фудбал Еве колку пари ќе си поделат во Серија “А” за натпреварот помеѓу Милан и Комо во Австралија

Еве колку пари ќе си поделат во Серија “А” за натпреварот помеѓу Милан и Комо во Австралија

По вчерашното неохотно зелено светло од УЕФА, сè изгледа дека натпреварот помеѓу Милан и Комо од 24-тото коло на Серија “А” навистина ќе се одржи во Перт, Австралија.

Споменатиот натпревар ќе се одигра на 7 или 8 февруари, бидејќи до сензационалното преместување на друг континент дојде поради тоа што токму тогаш „Џузепе Меаца“ е резервиран за отворањето на Зимските олимписки игри во Милано и Кортина д’Ампецо.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


Според „Ла Република“, не само двата клуба учесници, туку и сите останати клубови во италијанската елита ќе ја поделат сумата од 12 милиони евра, која ќе биде отпусната поради организирањето на натпреварот во Австралија. Се разбира, најголемиот дел од неа ќе оди во касата на Милан како домаќин на средбата.

Што се однесува до носителите на сезонски билети за домаќинствата на миланскиот гигант, тие исто така ќе добијат компензација поради преместувањето на натпреварот.

За „росонерите“, ова ќе биде трет натпревар во Перт во последните неколку години. Веднаш по крајот на сезоната 2023/24 одиграа пријателски натпревар со Рома, кој го загубија со 2:5. Летово Милан повторно патуваше до австралискиот град за да се соочи со локалниот Перт Глори во пријателска средба, која ја доби со 9:0.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Миовски: Натпреварите против Белгија и Казахстан се едни од најважните во историјата на Македонија

Македонската фудбалска репрезентација во наредниот период ја очекуваат два клучни предизви…