Дома Фудбал Еве колку пари ќе добие Звезда со испаѓањето од Лигата на шамионите и продолжувањето во Лига Европа

Еве колку пари ќе добие Звезда со испаѓањето од Лигата на шамионите и продолжувањето во Лига Европа

Фудбалерите на кипарскиот Пафос го обезбедија првото, историско место во главната фаза на Лигата на шампионите откако го елиминираа Црвена звезда со вкупни 3:2. По победата во првиот натпревар во Белград, шампионите на Кипар и Србија одиграа нерешено 1:1 во Лимасол.

Звезда поведе во 60. минута благодарение на голот на Мирко Иваниќ, кој од работ на шеснаесетникот со многу среќа ја натера топката да заврши во голот за водство од 1:0. Пафос, за кој 62 минути играше хрватскиот напаѓач Мислав Оршиќ, го постигна голот што им донесе пласман во 89. минута кога Јаја мајсторски погоди по асистенција на Пепе.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Црвена звезда сега ќе настапи во главната фаза на Лигата на Европа, исто како Динамо и Ријека, доколку ја помине ПАОК, со што се прекинува мини-низата од два последователни пласмани во Лигата на шампионите. Лигата на шампионите носи најголеми финансиски награди, но белградскиот клуб со влезот во втората по ранг европска натпреварувачка лига досега заработи 8,6 милиони евра.

Поточно, Црвена звезда доби 4,29 милиони евра за учеството во плејофот на Лигата на шампионите и 4,31 милион евра за влезот во главната фаза на Лигата на Европа. Српскиот шампион ќе заработи и од телевизиските права, но точниот износ сè уште не е познат.

Дополнително, Црвена звезда ќе заработи и преку осумте натпревари во главната фаза на Лигата на Европа, по што следува нокаут-фазата.

Победа – по натпревар 450.000 евра
Реми – по натпревар 150.000 евра
Пласман во првите осум тимови – 600.000 евра
Пласман од 9. до 24. место – 300.000 евра

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Одби да тренира и почна штрајк: Денот кога Модриќ се избори за трансфер во Реал Мадрид

Лука Модриќ денес стана играч на Реал Мадрид. Капитенот на хрватската репрезентација се пр…