Дома Фудбал Ернандез ги договори условите – заминува на печалба во Саудиска Арабија

Ернандез ги договори условите – заминува на печалба во Саудиска Арабија

Францускиот лев бек Тео Ернандез е на чекор до трансфер во Саудиска Арабија, откако, според извештаите, постигнал личен договор со клубот Ал-Хилал. Се наведува дека саудискиот гигант е подготвен да му исплати годишна плата од импресивни 20 милиони евра, што значи дека Французинот би станал еден од најплатените дефанзивци во светот.

Познатиот трансфер-новинар Фабрицио Романо објави дека преговорите меѓу Ал-Хилал и Милан се во завршна фаза и дека италијанскиот клуб најверојатно ќе инкасира сума помеѓу 30 и 35 милиони евра како обештетување за трансферот.

Не се плашам од немање пари – FitKit, Coach Foods и претприемачкиот пат на Јосиф Дамјанов ↓↓↓


Ернандез е дел од Милан од 2019 година, кога пристигна од Реал Мадрид и веднаш се наметна како еден од клучните играчи на „росонерите“. Претходно, тој настапуваше и за Атлетико Мадрид, Депортиво Алавес (каде играше на позајмица), како и за Реал Сосиедад.

Доколку трансферот се реализира, тоа ќе означи крај на една успешна етапа во неговата кариера во Серија А и почеток на ново поглавје на Блискиот Исток.

Фото: Принтскрин

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Готово е: Ливерпул го продава Нуњез, изненадувачка одлука на Уругваецот

Во европскиот фудбал се отвора нов преоден рок, а иднината на напаѓачот на Ливерпул, Дарви…