
Данскиот репрезентативец и поранешен играч на Манчестер Јунајтед, Кристијан Ериксен, смета дека јавните изјави на тренерот Рубен Аморим за тешката состојба во клубот не го помогнале тимот.
Ериксен, кој ова лето се пресели во Волфсбург по три години на Олд Трафорд, се осврна на своето време поминато со Црвените ѓаволи и потенцираш дека некои коментари на Аморим биле контрапродуктивни, пишува Goal.
До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст
“Постојат моменти на привилегија што ги доживуваме во клубот. Понекогаш тешките периоди не се толку лоши за младите. Не ни се потребни постојано пофалби. Денес, играчите зборуваат и се спротивставуваат на клубот, поради чувството на привилегираност. Тогаш имаме клупски легенди кои велат ‘ако не играш, оди, затоа што сите грешат’. Не. Да останеме. Да се бориме. Вратата на мојата канцеларија е отворена. Така можеме да ги решиме работите, но никој не доаѓа да разговара со мене”, изјави Аморим претходно овој месец.
Сепак, Ериксен верува дека Аморим ја преминал границата во јануари минатата година.
Откако Јунајтед падна на 13-тото место на табелата и ја изгуби четвртата од пет домашни натпревари, Аморим силно ја нападна својата екипа.
“Во последните 10 натпревари во Премиер лигата, победивме двапати”, рече тогаш. “Замислете што значи тоа за навивачите на Манчестер Јунајтед. Замислете што е тоа за мене. Имаме нов тренер кој губи повеќе од претходниот. Целосно сум свесен за тоа. Можеби сме најлошиот тим во историјата на Манчестер Јунајтед. Знам дека вие медиумите сакате сензационалности, но го кажувам ова затоа што мораме да го признаеме и да го промениме.”