Дома Фудбал Енрике: Терените се лоши, топката отскокнува како зајак

Енрике: Терените се лоши, топката отскокнува како зајак

Шефот на одделот за глобален фудбалски развој на ФИФА, Арсен Венгер, призна дека квалитетот на терените на коишто се одржуваат натпреварите од Светското клубско првенство во САД не е доволно добар. Дополнително, тој додаде дека нивниот квалитет ќе биде подобар на Светското првенство 2026 година што ќе се одржи во САД, Канада и Мексико.

Квалитетот на тревниците на клупските натпревари често е критикуван, и тоа го прават и играчите и тренерите што учествуваат на турнирот. Така, на пример, тренерот на ПСЖ, Луис Енрике, неодамна изјави дека во САД „топката отскокнува како зајак“.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


„Теренот претходно беше од вештачка трева, а сега врз него е поставена природна трева, што значи дека мора рачно да се наводнува. Ова е голем проблем за начинот на кој играме“, изјави шпанскиот стручен.

Фото: Принтскрин

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Познато име се враќа во трката за Душан Влаховиќ

Барселона важи за главен фаворит кога станува збор за потписот на Душан Влаховиќ, но не мо…