Дома Фудбал Енрике реагира по дебаклот: ПСЖ се вклучува во трката со Реал Мадрид за играч на Ливерпул

Енрике реагира по дебаклот: ПСЖ се вклучува во трката со Реал Мадрид за играч на Ливерпул

Челси вчера го декласираше ПСЖ и стана светски првак, а веќе денеска уследи реакција од тренерот на Парижаните – Луис Енрике.

Вчера во Њу Џерси се одигра големото финале на Светското првенство за клубови меѓу ПСЖ и Челси.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Лондонските сини одлично го започнаа овој меч и до 30-тата минута водеа 2:0 со два гола од феноменалниот Кол Палмер.

Пред самиот крај на првото полувреме, Палмер асистираше на Жоао Педро за високи 3:0, што се покажа како конечен резултат на овој меч.

Во 85-тата минута Жоао Невес го повлече Маркос Кукурела за косата и заработи директен црвен картон, со што ги подигна тензиите на теренот.

Напнатоста кулминираше по последниот свиреж на судијата кога Луис Енрике го фати Жоао Педро за вратот и го удри.

Во бурните реакции предничеше токму Луис Енрике, кој денес, ден по тешкиот пораз во финалето, одлучи да преземе одредени мерки.

Како што пишува шпанскиот лист “Фичајес”, ПСЖ ќе се вклучи во трката со Реал Мадрид за услугите на стоперот на Ливерпул – Ибрахима Конате.

Фото: Принтскрин

.
Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Палас го урна договорот со италијанскиот великан и му уништи трансфер од соништата

Жан Филип Матета е бесен на Кристал Палас откако му пропадна големиот трансфер во Јувентус…