
ПАРИ СЕН ЖЕРМЕН официјално го објави списокот на играчи за финалето на УЕФА Суперкупот против Тотенхем, при што беше потврдено дека италијанскиот репрезентативен голман Џанлуиџи Донарума не е вклучен во тимот по доаѓањето на Лукас Шевалије. Тренерот на актуелниот европски првак со изјава пред натпреварот.
„Донарума го изоставив од тимот и тоа е моја одлука. Јас сум сто проценти одговорен. Сакам различен голман и затоа ја донесов таа одлука. Донарума е еден од најдобрите голмани во светот,“ изјави Енрике на прес-конференцијата пред натпреварот.
ВАР во македонскиот фудбал – Разговор со Дејан Јакимовски | Уште еден поткаст
И покрај фактот што минатата сезона беше еден од клучните играчи за првиот трофеј на Лигата на шампионите во историјата на клубот, Донарума е отстранет од составот и нема да патува на натпреварот за Суперкупот. Се претпоставува дека неговото заминување од клубот е неизбежно.
Манчестер Сити е еден од клубовите кои покажуваат интерес за трансферот на Донарума, објави Фабрицио Романо. Во моментов, францускиот клуб бара 50 милиони евра, што е премногу за Англичаните. За да ослободи место за Донарума, Сити би требало да го продаде нивниот стандарден голман Едерсон. За Бразилецот наводно се интересира Галатасарај.